Утрински Весник
Спорт

Македонија ЃП ќе игра против ЦСКА Софија во КЛ, следните ривали ги добија и Шкендија и Академија Пандев

Македонија Ѓорче Петров, ќе се сретне со ЦСКА Софија во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Првиот меч „лавовите“ ќе го играат на гостински терен, а реваншот во Скопје. Вака одлучи денешниот ждреб во Нион.

Шкендија и Академија Пандев ќе мораат да ја минат првата рунда, а ги дознаа и можните ривали за втората квалификациска рунда од ова натпреварување.

Шкендија ако го елиминира ерменскиот Арарат, во второто коло ќе се сретне со Валмиера од Литванија и ќе биде гостин на првиот натпревар.

Академија Пандев доколку успее да го елиминира тимот на Лехија Гдањск, во следното коло ќе игра против австрискиот клуб Рапид Виена. Во првиот меч исто така ќе гостува.

> Македонија ЃП ќе игра против ЦСКА Софија во КЛ, следните ривали ги добија и Шкендија и Академија Пандев <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија