Утрински Весник
Спорт

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на Купот на Македонија, Стевковски херој на „лавовите“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонија Ѓорче Петров вторпат ја освои титулата од Купот на Македонија кога во финалето, по изведувањето пенали, беше поуспешен од Силекс со 4:3 по завршувањето на мечот без голови во регуларниот дел.

До вториот трофеј по тој во 2006 година, „лавовите“ стигнаа благодарение на голманот Христијан Стевковски, кој не само што во второто полувреме имаше неколку клучни одбрани за да го сопре Силекс туку и во пенал-рулетот одбрани два удара.

Македонија имаше поофанзивен почеток на мечот, но во второто полувреме најдобри шанси имаше токму пред нивниот гол по што во продолженијата немаше големи шанси на двете страни. Стевковски во првиот пенал го прочита Бурхан Алији за во третата серија да го одбрани и обидот на Благоја Спирковски. На другата страна Попзлатанов не успеа со „паненка“ да го измами Божиновски за со Сефер Емини да го постигне победничкиот гол за 4:3.

Титулата за тимот на Муарем Бајрами значи и пласман во Европа, а Силекс не успеа да стигне до својата четврта куп-титула и ќе се задоволи со враќање во Првата лига следната сезона.

Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк

> Македонија Ѓорче Петров е освојувач на Купот на Македонија, Стевковски херој на „лавовите“ <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028