Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва гостува во Германија, во третото квалификациско коло, за пласман на Светското првенство во Катар.
Во Ј-групата, Македонија има победа и пораз по првите две рунди, а Германија има две победи, во кои не прими гол.
Водечкиот германски медиуми, „Билд“ ги најави составите за дуелот во Дуизбург. Според овој извор, нема да има изненадувања во составот на македонија, додека Германија ќе игра без класична „деветка“, а на голот ќе застане Марк Андре тер Штеген.
Составите според „Билд“:
Германија (4-3-3): Тер Штеген – Клостерман, Гинтер, Ридигер, Џан – Кимих, Горецка, Гундоган – Хаверц, Гнабри, Сане
Македонија: (3-5-2): Димитриевски – Муслиу, Бејтулаи, Велковски – Алиоски, Елмас, Адеми, Барди, Ристовски – Трајковски, Пандев.
> Македонија со стандарниот тим, Германија без класична деветка <