Утрински Весник
Спорт

Македонија пропушти сигурна победа кај Чешка, во Скопје да се „доврши“ работата

Македонија пропушти сигурна победа кај Чешка, во Скопје да се „доврши“ работата

Македонската ракометна репрезентација водеше во текот на целиот меч, но на крајот одигра 24:24 (13:10) на гостувањето кај Чешката Република во првиот меч од баражот за пласман на СП во Полска и Шведска во 2023 година, за предупредување дека во недела во Скопје мора да се биде повнимателен за продолжување на традицијата за пласман на големите натпреварувања.

Момците на селекторот/капитенот Кирил Лазаров имаа одличен старт на мечот, поведувајќи со 1:4, за на полувреме да отидат со предност од три гола (10:13), која само ја зголемија во второто полувреме, пред во финишот да падне концентрацијата и наместо да се стигне до победа со четири-пет гола разлика, дозволивме Чесите да се доближат на гол разлика во последните минути од мечот, пред Кашпарек во последниот напад за Чесите да успеа да израмни.

Филип Талески со 5 гола беше најефикасен во македонската репрезентација, додека по четири гола постигнаа Лазаров и Гоце Георгиевски. Матеј Клима и Јакуб Хрстка беа најдобри за Чесите со по пет постигнати голови.

Реваншот се игра во Скопје во недела во 19 часот.

> Македонија пропушти сигурна победа кај Чешка, во Скопје да се „доврши“ работата <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина