Утрински Весник
Македонија

Македонија во Брисел го започнува процесот на објаснувачки скрининг

Согласно денешната агенда на владината делегација попладнето во Брисел започнува состанокот за отпочнување со скрининг-процесот.

dobivaj vesti na viber

На овој состанокот за скрининг воведно обраќање и образложување на позициите на државата ќе има заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, а збор ќе земе и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Скринингот ќе се состои од две под-фази, односно процеси.

Едниот од процесите е објаснувачки скрининг на кој Европската комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачки состаноци, а истовремено на овој ќе тече и уште еден со процесот на билатерален скрининг, појаснуваат од Владата.

Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ-ресурси за спроведување на европските стандарди.

Овие процеси ќе се спроведуваат во период кој би траел најмалку една година и согласно новата Методологија на ниво на кластери.

Во владината информација се посочува дека календарот за спроведување на скринингот ќе се дефинира во соработка со Европската комисија.

Можете да прочитате

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија

Македонски држајанин ја претепал сопругата до смрт