Утрински Весник
Македонија

Македонијапомага, платформа за помош на ранливи категории граѓани

Македонијапомага, платформа за помош на ранливи категории граѓани

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Македонска ИТ компанија изработи платаформа Македонијапомага која треба да преставува мост помеѓу оние на кои најмногу им е потребна помош во сегашните отежнати услови на живеење поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, од една и оние кои можат и сакаат да им помогнат, од друга страна.

-Секој кој може и сака на кој било начин да им помогне на ранливите категории и на оние кои не се во можност (со достава на производи, лекови, донации, превоз или превозно средство на располагање и слично) може да се регистрира како волонтер на нашата платформа. Од друга страна, сите оние на кои им е потребна било каква помош, истата може да ја побараат преку платформата и ќе имаат преглед на сите регистрирани волонтери, нивната локација и она што може да им го понудат, велат креаторите на платформата.

Тие потенцираат дека се добредојдени и компании кои на било каков начин можат да дадат придонес за населението, медицинскиот или бизнис секторот да се пријават како волонтери.

Целта, додаваат, е обезбедување на one-stop платформа за помош на оние кои имаат недостаток од ресурси (човечки и материјални) за да се справат со ситуацијата и да ги извршуваат своите дневни обврски и искористување на потенцијалот на оние кои се во можност да помогнат, со нивно правилно дисперзирање, благодарение на софтверот.

Македонијапомага е иницијатива покрената од тимот на Ултрасофт, млада македонска ИТ компанија, основана во 2017 година од страна на двајца млади претприемачи од ИТ индустријата, Дилавер Алиоски и Армен Лутишоски. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје