Утрински Весник
Македонија

Македонец приведен во Бугарија сакал да прошверцува марихуана

Македонец приведен во Бугарија сакал да прошверцува марихуана
Dik 300x250 mk

Еден граѓанин на Северна Македонија е уапсен во Бугарија затоа што се обидел да прошверцува 4,7 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево, објави бугарското обвинителство.

Возачот кажал дека сака да направи транзит низ Бугарија и дека крајна дестинација му била Турција.

Истрагата била започната по проверка на автомобил со регистарски таблички и ознаки од Косово, кое на граничниот премин го донел граѓанин на Северна Македонија.

Според последните информации, властите откриле 14 пакувања марихуана скриени во автомобилот.

Ако биде прогласен за виновен, шверцерот на дрога може да биде осуден на 10 до 15 години затвор и парична казна од 100 до 200 илјади лева односно од 50 до 100 илјади евра известуваат медиумите во регионот.

Осомничениот и претходно и бил познат на полицијата на Северна Македонија.

Можете да прочитате

МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес

Променливо облачно, температурата до 19 степени

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место