Утрински Весник
Македонија

Македонец осомничен за двојно убиство на Малта

Македонец осомничен за двојно убиство на Малта
Dik 300x250 mk

Македонецот Виктор Драгомански е уапсен на Малта како второосомничен за двојно убиство што се случило во градот Слиема.

Како што пренесува „Тајмс оф Малта“, тој бил уапсен по драматична потера во Гзира. По пријава, полицијата го опколила хотелот во кој се криел Драгомански кој кога сфатил дека е опкружен излегол на покривот по што следела потера.

Малтешките медиуми пренесуваат дека Драгомански работел како обезбедувач во ноќен клуб во местото Пачевил.

Првоосомничен за убиството е албанскиот државјанин Даниел Мука (25). Тој бил изведен пред суд и се изјаснил за невин.

Двајцата се обвинети за убиство на Кристијан Пандолфино и неговиот партнер Ивор Мациејовски. Тие биле убиени во нивниот дом во Слиема на 18 август со огнено оружје. Двајцата биле колекционери на уметнички дела.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!