Утрински Весник
Свет

Маж убиен во пресметка со мигранти во Сараево, уште две лица се повредени

Маж убиен во пресметка со мигранти во Сараево, уште две лица се повредени

Едно лице загина, а две се тешко повредени во судир во предградие на Сараево, а сторителите најверојатно се мигранти по кои се трага, потврди денеска Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Полицијата потврди дека 36-годишен државјанин на БиХ со иницијали J.Б бил убиен во пресметка која се случила доцна вечерта во вторникот во населбата Отес, а две други лица биле прободени со нож.

„Според досега собраните информации, со сторените кривични дела убиство и тешка телесна повреда, се поврзуваат три неидентификувани лица – мигранти“, се вели во полициското соопштение.

Порталот „Дневни аваз“ објави дека убиениот млад човек е Јасмин Беровиќ од Сараево.

Според извор близок на истрагата, тој бил смртно повреден кога се обидел да го одбрани неговиот брат кој бил нападнат од мигранти.

Инцидентот наводно се случил во кафуле во сопственост на братот на убиениот. Тој влегол во конфликт со мигрантите кои влегле во кафулето и започнале да прават проблеми, а откако не успеал да ги задржи, на помош го повикал својот брат.

„Во еден момент, жртвата се свртела со грб и бил прободен со нож. Неговиот брат исто така е сериозно повреден во нападот, а лекарите се борат за неговиот живот“, изјавил неименуваниот извор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре