Утрински Весник
Свет

Маж со медицинска маска ограбил банка во Санкт Петербург

Маж со медицинска маска ограбил банка во Санкт Петербург

Полицијата на Санкт Петербург и на Ленинградскиот регион соопшти дека денеска била ограбена експозитурата на банка, пренесе ТАС С.

„ Нешто пред 17 часот во полицијата на Санкт Петербург е пријавено дека неидентификуван маж, со медицинска маска, упаднал вооружен во експозитура на Совк банк. По влегувањетѕо во банката, ограбувачот испукал куршум од огнено оружје, а потоа со закана до службениците во банката украл околу 56,5 илјади долари и побегнал“ соопштила полицијата.

Во тек е акција за лоцирање на крадецот и отворена е истражна постапка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор

Трамп најави милијарди долари помош за Газа на првиот состанок на Одборот за мир

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови