Утрински Весник
Македонија

Маж се јавил во британската амбасада и ѝ се заканувал на амбасадорката

Маж се јавил во британската амбасада и ѝ се заканувал на амбасадорката
Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца, кој се јавил во Амбасадата на Велика Британија во Скопје и оставил заканувачка порака дека британската амбасадорка ќе биде нападната со огнено оружје.

Како што велат од обвинителството, осомничениот, на 14 април, се јавил на официјалниот телефонски број на Амбасадата на Велика Британија во Скопје, каде се вклучил автоматскиот оператор на централата. На говорниот апарат осомничениот оставил порака со заканувачка содржина: „Британската амбасадорка во Скопје ќе биде напдната со огнено оружје. Ова не го пријавувам во македонската полиција, затоа што нема да ја сфатат сериозно заканата“. По ова, повикот го прекинал, но пораката била сочувана во системот. Со ова, осомничениот ја загрозил сигурноста на британската амбасадорка во Скопје.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, пред се ако се има предвид видот и карактерот на стореното кривично дело и последиците од него, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца