Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Маж од Скопје повикувал и врбувал луѓе од земјава да се приклучат кон Исламска држава

Маж од Скопје повикувал и врбувал луѓе од земјава да се приклучат кон Исламска држава
Img 7972

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.И. (30) од Скопје, за учество во странска војска.

Во август 2015 година, С.И., заедно уште со 34 други лица се кривично пријавени за учество во странска војска, за што е осуден на 10 годишна затворска казна и во моментов се наоѓа на издржување на затворската казна во Идризово.

Со цел обезбедување на докази за сторени нови кривични дела од С.И., од страна на ОЈО за ГОКК до надлежните органи во Р.Косово е побарана меѓународна правна помош, при што од страна на Специјалното обвинителство на Р.Косово е доставен одговор со соодветни докази. Од доказите е утврдено дека на 25.07.2015 на социјална мрежа е објавена фотографија со испишан текст на албански јазик, со кој С.И. повикувал, врбувал и потикнувал лица да се приклучат на Исламска држава и да војуваат за неа.

Пронајдени се и други објави во врска со кривичното дело.

Можете да прочитате

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ