Утрински Весник
Македонија

Маж и жена без дозвола го напуштиле карантинот на Инфективното одделение во Штип, по што се ставени во домашна изолација

Штипската Клиничка болница сè уште нема писмено известување за карантинот за коронавирусот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 28 февруари 2020 (МИА) – Маж од Виница и неговата партнерка, државјанка на Хрватска без дозвола го напуштиле карантинскиот дел на Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип, по што отишле во домот на виничанецот, каде веднаш се ставени во изолација. Тие пријавиле во Инфективното одделение дека имаат симптоми на коронавирус по посетата на Италија.

Ова вечерва за МИА го потврди министерот за здавство Венко Филипче, кој рече дека мажот и жената не се вратени во Инфективното одделение, туку се во изолација во домот на Виничанецот.

– Избегале, но дома отишле, се исплашиле. Не се вратени во Инфективното одделение, дома се во изолација. Ова ми го соопштија од МВР, изјави Филипче.

Мажот и жената го напуштиле без дозвола Инфективното одделение откако искршиле еден од прозорците на болничката соба. рп/вдј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје