Утрински Весник
Македонија

Маж застрелан во нога додека седел пред кафуле во Бутел

Маж застрелан во нога додека седел пред кафуле во Бутел

Триесетгодишен скопјанец пријавил дека на 10 јули околу 15.00 часот, додека со Е.Н. и Р.Н. седеле пред угостителски објект во населба Бутел, во нивна близина неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Потоа се слушнал истрел од огнено оружје, кој го погодил пријавителот во ногата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски во Кочани ќе означи почеток на изградба на сообраќајни и водоводни проекти

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани