Утрински Весник
Свет

Мадрид во карантин

„Ел Паис“: Бројот на починати од коронавирус во Шпанија може да е 60 отсто поголем од официјалниот

Шпанската влада воведе мерки за карантин во Мадрид, во обид да се контролира вториот бран на пандемијата во Европа.

Од овој викенд, па во следните две недели, повеќе од три милиони жители на Мадрид ќе можат да ги напуштат деловите на градот каде што живеат само во итни случаи.

Градските власти беа против воведувањето на овие мерки, кои стапија на сила во уште девет градови во близина на главниот град.

Болниците низ Мадрид повторно се полни со пациенти со Ковид-19, како и единиците за интензивна нега, додека земјата се соочува со вториот бран на најсериозна пандемија во Европа.

Според најновите податоци, во Шпанија од почетокот на пандемијата се потврдени над 810.000 случаи на Ковид-19 и над 32.000 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран објави дека во антивладините протести се убиени вкупно 3.117 лица

Најмалку 10 убиени и 50 ранети во израелкси напад во источен Либан

Американската војска нападна брод во источниот Пацифик, тројца загинати