Утрински Весник
Магазин

Мадона изненади со изгледот, хирургот не ја завршил добро работата

Мадона изненади со изгледот, хирургот не ја завршил добро работата

Поп-кралицата Мадона на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира во поинакво издание, со очила и розова коса, но она што нејзините обожаватели најпрво го забележаа е обликот на нејзиното лице.

Иако нејзината намера била да ги охрабри Американците да излезат на гласање, коментаторите најмногу пишуваа за нејзиниот изглед и се прашуваа дали станува збор за филтри или за многу лош ботокс.

View this post on Instagram

The 3 faces of a girl who just Voted!! ?????? Get out there and take responsibility people!! #bidenharris2020

A post shared by Madonna (@madonna) on

„Ова не е мојата кралица. Изгледаш како вонземјанин од филмовите. Пластичниот хирург лошо ја завршил  својата работа. Дали е ова реално?” напиша еден коментатор.

„Што се случи со твоето лице? Страшно“, се согласи друг.

„Престани со пластични операции, претера“, и рече трет.

Некои фанови застанаа во нејзина одбрана и напишаа дека таа воопшто не изгледа лошо.

„Мадона изгледа одлично во секое издание“, прокоментира некој.

„Оваа боја на коса одлично ти прилега“, ја пофали коментаторот.

Мадона го прослави својот 62. роденден во август, но не се откажува од објавување на провокативни фотографии, и се обидува да го задржи младешкиот изглед со естетски зафати.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста