Утрински Весник
Македонија

Магла на Стража, Ѓавато и Пресека, во Маврово – одрони на патот

Магла на Стража, Ѓавато и Пресека, во Маврово – одрони на патот

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има на патиштата низ целата држава. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50-100 метри на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.
 
На патниот правец крак Маврово-Маврови Анови поради појава на одрони се препорачува крајно внимателно возење.
 
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Грк се обидел да влезе во Македонија со лажна кипарска дозвола

Вработен во банка во Велес украл 4.000 евра од туѓа сметка

Тешка сообраќајка попладнево, едно лице загина на патот Виница – Кочани