Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Магла и влажни коловози на одредени патни правци

Магла и влажни коловози на одредени патни правци
Img 7972

Денеска на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, (делница Пресека – Песочан), поради изведување работи на пат -минирање, во периодот помеѓу 11:00 и 14:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 – 15 минути, информира АМСМ.

На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километар пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец с.Гајре – Тетово, од 50 – 100 метри на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар, од 100 – 150 метри на патниот правец Страцин – Куманово, од 30 – 50 метри на планинскиот превој Буково и до 50 метри на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии

Во Струга уапсени три лица за нелегален превоз на огревни дрва

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!