Утрински Весник
Македонија

Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

Магацин и возило изгореа во пожар во охридско Велгошти

Охрид, 27 февруари 2020 (МИА) – Магацински простор и возило денеска изгореа во пожар во охридското село Велгошти.

Пожарот бил пријавен околу 12:30 часот во Територијалната противпожарна единица во Охрид, која интервенирала со две возила на лице место, на улицата „Живко Чинго“.

Пожарот е изгаснат и спречено е ширење на пламенот на околните објекти. На местото на настанот во тек е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за пожарот. аб/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возач од Берово пијан и без возачка направил сообраќајка

НЕМА ОПАСНОСТ ОВОШКИТЕ ДА ПРЕМРЗНАТ: Доаѓаат пролетни 25°C

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра