Утрински Весник
Свет

Мавританија го затвори националниот парк, стотици пеликани заразени со птичји грип

Мавританија го затвори националниот парк, стотици пеликани заразени со птичји грип
Dik 300x250 mk

Неколку стотици пеликани починале ккао последица на птичјиот грип Х5Н1 во националниот парк Диавлингу во Мавританија, лоциран на југозападот на земјата и се граничи со областа на северен Сенегал, која најпрво беше погодена од вирусот, соопшти Министерството за животна средина на Мавританија.

Трупови на птици беа откриени на 23 јануари во заштитените мочуришта Дијавинг од мавританската страна на делтата на реката Сенегал каде живеат повеќе од 250 видови птици.

Птичјиот грип најпрво погодил сенегалско живеалиште за птици од другата страна на реката во соседен Сенегал. Во Мавританија починаа 22 возрасни и 245 млади пеликани, а во Сенегал 750.

Сенегалските власти забранија пристап до паркот, по што истата мерка беше воведена и од мавританските власти, кои го затворија резерватот Дијавинг за време на викендот, со што ги суспендираа сите туристички активности во областа, се вели во соопштението на Министерството.

Претходно во јануари, Сенегал објави вирусна епидемија на живинарска фарма во регионот Тис, што резултираше со убиство на околу 100.000 кокошки. Сè уште не е познато дали епидемиите се поврзани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим