Утрински Весник
Спорт

Л.А. Галакси заинтересиран за Марио Балотели

Балотели: Мајка ми плачеше кога реков дека ќе играм за Бреша
Dik 300x250 mk

Лос Анџелес, 2 јуни 2020 (МИА) – Тимот на Л.А. Галакси се насочилкон напаѓачот на Бреша, Марио Балотели, кој скоро сигурно ќе го напушти италијанскиот тим и сака брзо да најде нов клуб.

Италијанецот има постигнато 5 гола на 19 натпревари оваа сезона, но сепак не успеа да му помогне на својот клуб да избегне испаѓање од Серија „А“. Сепак, скандалите околу играчот продолжуваат и се чини дека поранешниот напаѓач на Интер и Милан е подготвен да ја напушти Ломбардија по само една сезона со тимот.

Според „Кориере дела Сера“, агентот на Балотели, Мино Рајола добил повик од Галакси, додека тимот сè уште чека на продолжување на сезоната во Америка.

Во исто време, тренерот на клубот од Лос Анџелес, Барос Скелото изјави за „Газета дело Спорт“ дека на клубот ќе му биде тешко да привлече уште еден напаѓач од Серија „А“ – Гонзало Игуаин.

– Кој не би го сакал тоа? Го сакам, но тешко е. Мислам дека ќе се врати во Ривер Плата, признава стратегот, што остава простор за привлекување на Балотели.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата