Утрински Весник
Спорт

ЛШ: Баерн со голем исчекор кон четвртфиналето, Наполи и Барселона ремизираа

ЛШ: Баерн со голем исчекор кон четвртфиналето, Наполи и Барселона ремизираа

Лондон, 25 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерите на Баерн се пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите по убедливата победа над Челзи, додека реваншот во Шпанија ќе го даде победникот од пресметката меѓу Барселона и Наполи. Ова е епилогот по вечерашните два осминафинални меча во елитното натпреварување.

Баерн во Лондон го совлада Челзи со 3:0 со головите на Серж Гнабри (два) и на Роберт Левандовски, сите во второто полувреме.

Дуелот Наполи – Барселона во Неапол заврши 1:1. Дрис Мертенс во 30. минута ги доведе домашните во водство, изедначи Антоан Гризман во 57. минута.

Реваншите во Минхен и Барселона се закажани за 18 маерт. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос

Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити