Утрински Весник
Магазин

Луѓето кои имаат сестри се посреќни

Луѓето кои имаат сестри се посреќни

Лос Анџелес, 21 февруари 2020 (/) – Луѓето кои имаат сестри се поотворени и попристапни за комуникација и за нив не е проблем да ги споделат своите чувства. Тие исто така се пооптимистични и посреќни, посочуваат новите истражувања.

Научниците од Универзитетот Де Монфорт во Лестер, Англија, и северноирскиот Универзитет Улстер анкетирале повеќе од 570 лица на возраст меѓу 17 и 25 години. Ним им беа поставени психолошки прашања на различни теми, меѓу кои и за психичкото здравје.

Еден од раководителите на истражувањето, професор Тони Касиди смета дека сестрите како индивидуи честопати го сплотуваат семејството, а пак, браќата имаат спротивен ефект.

– Ова се должи на фактот дека мажите имаат природна тенденција да не зборуваат за одредени лични работи, додека жените го охрабруваат тоа. Резултатите се, секако – подобро психичко здравје и посреќен живот, додава проф. Касиди. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста