Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Луческу: Украинците и Русите живееја како браќа, никој нема да биде победник

Луческу: Украинците и Русите живееја како браќа, никој нема да биде победник
300x250 opst2

Романскиот тренер на Динамо Киев, Мирчеа Луческу се спротистави на казнувањето на руските спортисти поради војната во Украина велејќи дека спортот „нема ништо заедничко со политиката“.

76-годишниот Луческу, кој 12 години беше тренер на Шахтјор Доњецк, а работеше и во Зенит Санкт Петерсбург и во повеќе италијански клубови, се врати во Букурешт по почетокот на војната и во интервју за италијанското радио „РАИ“ не се согласува дека руските спортисти треба да „платат“ за ситуацијата.

„За мене, спортот нема ништо заедничко со политиката. Луѓето мора да се натпреваруваат, без разлика од која земја доаѓаат. Не се согласувам со одземањето на правото да се натпреваруваат само на Русите. Спортот треба да помогне, не да изолира. Не можам да сфатам како проблемот дојде до овој степен. Политика… Тие живееја заедно како браќа, а сега има голема битка и иникој нема да излезе како победник“, вели Луческу.

> Луческу: Украинците и Русите живееја како браќа, никој нема да биде победник <

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025