Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Луксузниот часовник на Тито што беше украден во Србија е пронајден на аукција во Хонгконг

Луксузниот часовник на Тито што беше украден во Србија е пронајден на аукција во Хонгконг
300x250 opst2

На аукција во Хонгконг е пронајден луксузниот часовник на Тито, што беше украден пред десет години во Србија.

Часовникот исчезна во Музејот на Југославија за време на изложбата на часовници кои Тито ги добил на подарок или ги купил за својата колекција.

Српската министерка за култура, Маја Гојковиќ, соопшти дека се пронајдени украдени уметнички дела, меѓу кои брош и часовникот  „Патек Филип“, кои му припаѓале на Јосип Броз Тито.

Часовникот по повеќе од една деценија се појави на аукција во Хонгконг, која веднаш беше суспендирана откако директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, објави дека се работи за украден часовник.

Гојковиќ рече дека вредноста на украдените артефакти од Србија на црниот пазар на уметност е околу половина милион евра.

Таа потсети на исчезнувањето на златна чанта, околу која во 2019 година изби голема афера и сè уште се трага по неа. Датира од крајот на 19 век и заедно со неа исчезнале белезици, часовници, синџири и прстени.

Неодамна во Цирих е пронајдена слика која исчезнала пред 20 години, пренесува „Блиц“.

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?