Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Целта на Западот е да ја распарчи Украина

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е загрижен поради потезите на Западот чија цел е распарчување на Украина.

Лукашенко ја обвини Полска дека сака да го окупира западниот дел на Украина, пишува Ројтерс.

Киев ќе мора да побара помош за да ја спречи окупацијата на западот на Украина, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател денеска во Сочи се сретна со шефот на руската држава Владимир Путин, а руските медиуми објавија дека разговорот бил „еден на еден“.

„Се договоривме да одржиме посебна средба овде во Сочи, бидејќи околностите бараат толку сериозен, длабок разговор. Мислам на се што е поврзано со безбедносните прашања во регионот, безбедноста на нашите земји и се што е поврзано со економијата, рече Путин.

Според агенцијата РИА Новости, тој изјавил дека Русија се носи со санкциите.

Можете да прочитате

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток 

Шефот на НАТО: Ормутскиот теснец мора да се отвори, како сојузници мора да најдеме начин

Италија ги намалува даноците на горивата