Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Украина треба да прифати дека изгуби некои региони ако сака да избегне нуклеарна војна

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека крајот на конфликтот во Украина зависи од Киев, кој треба да ги води преговорите со Москва.

dobivaj vesti na viber

– Се зависи од Украина, она што е интересно во овој момент е дека воените операции сега може да се завршат под поповолни услови за Украина. Треба да седнат на преговарачка маса и да се обврзат никогаш да не ѝ се закануваат на Русија – изјави белорускиот лидер во интервју за агенцијата Франс прес.

Лукашенко смета дека Украина, Западот и Русија треба да се договорат за прекин на конфликтот во Украина за да се избегне нуклеарна војна.

– Треба да застанеме, да постигнеме договор, да ставиме крај на оваа конфузија, операција и војна во Украина. Да застанеме, а потоа да одлучиме како да продолжиме да живееме. Нема потреба да се оди понатаму. Бездната на нуклеарната војна е подалеку – рече белорускиот претседател.

Тој, исто така, додаде дека Украина треба да се помири со фактот дека ги изгубила регионите на истокот и југот на земјата кои потпаднаа под контрола на Русија, пренесува Франс прес.

Според мислењето на Лукашенко, предоцна е да се разговара за ова прашање.

– За ова веќе не се разговара, можеше да се разговара во февруари, март – рече белорускиот лидер.

Истовремено, тој предупреди дека Русија сè уште не ги употребила сите сили што можела во Украина.
Лукашенко потсети дека Западот го предизвика конфликтот во Украина.

– Ги видовте причините за оваа војна – ако Русија не го препречеше НАТО, вие (западните земји) ќе се организиравте и ќе започневте напад врз него. Вие сте нејзината основна причина и продолжувате со оваа војна – рече Лукашенко во интервју за Франс прес.

Можете да прочитате

Си Џинпинг ја покажа моќта на Кина на воена парада со присуство Путин и Ким Џонг-ун

Трамп го обвини кинескиот претседател дека со Путин и Ким Џонг-ун прават заговор против САД 

Мадуро: Осум американски бродови со 1.200 ракети и подморница и се закануваат на Венецуела