Утрински Весник
Свет

Лукашенко со наредба до полицијата да им стави крај на протестите

Лукашенко со наредба до полицијата да им стави крај на протестите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека му наредил на Министерството за внатрешни работи да стави крај на немирите во Минск што избувнаа по претседателските избори, одржани на 9 август.

Според агенцијата „Белта“, Лукашенко исто така изјавил дека групата на медиумски работници кои преку штрајк им се приклучиле на протестите, не би требало да добијат дозвола да се вратат на работа, пренесува „Ројтерс“.

Тој исто така им наредил на граничните власти да ја зголемат безбедноста на границите со цел да спречат влез на борци или оружје во земјата.

Од друга страна, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска порача дека на претседателот на Белорусија му недостасува демократски легитимитет по изборната победа, која многумина во и надвор од земјата ја спорат поради местенки и нерегуларности.

„ЕУ има намера да го осуди и отфрли режимот на Лукашенко“, изајви Борел за новинарите во Сантандер, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија е загрижена за обидите на странски играчи да ги искористат внатрешните немри со кои се соочува Белорусија со цел да ги наметнат своите правила на игра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување