Утрински Весник
Свет

Лукашенко порачува: Немирите во Казахстан се лекција за Белорусија

Лукашенко порачува: Немирите во Казахстан се лекција за Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко оцени дека ситуацијата со немирите во Казахстан е уште една лекција што покажува што може да се случи со Белорусите.

– За нас ова е уште една лекција во смисла дека разбравме што може да ни се случи – рече Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека во тој случај Белорусите нема да ги решат прашањата во Белорусија.

Во Казахстан има немири поради поскапувањето на горивата. Во судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите загинаа 13 полицајци, а властите соопштија дека неколку десетици демонстранти се „ликвидирани“.

Во судирите беа повредени околу 1.000 луѓе.

Можете да прочитате

СЗО: Над 600.000 лица, претежно деца, умреле од маларија во 2024 година

Трамп нареди антимигрантска акција во Њу Орлеанс

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили