Утрински Весник
Свет

Лукашенко побара помош од Русија, Путин одобри заем од 1,5 милијарди долари

Лукашенко побара помош од Русија, Путин одобри заем од 1,5 милијарди долари

Рускиот претседател Владимир Путин и’ даде заем од 1,5 милијарди долари на Белорусија откако белорускиот лидер Александар Лукашенко побара помош од Москва.

Еден ден откако над 100.000 луѓе излегоа на улиците во Минск петти викенд по ред, барајќи негова оставка од функцијата, Лукашенко отиде во руското одморалиште Сочи за да побара помош од Путин.

Покрај заемот, Путин нагласи и дека соработката во одбраната меѓу двете земји ќе продолжи.

Руските новински агенции објавија дека Москва испраќа падобранци во понеделник на заеднички воени вежби со белоруските сили.

Путин го поддржа и планот на Лукашенко за уставни измени, што опозицијата го отфрли како измама за да остане на власт откако наводно ги наместил изборите.

Лукашенко тврди дека западните сили се организатори на протестот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури