Утрински Весник
Свет

Лукашенко побара затворање на фабриките чии работници штрајкуваат

Лукашенко побара затворање на фабриките чии работници штрајкуваат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди сите фабрики чии работници излегоа на штрајк по претседателските избори да бидат затворени од понеделник.

Работниците се приклучија на штрајкот на граѓаните кои се незадоволни од резултатите од изборите.

„Побарав од гувернерот и раководителите на извршните одбори да не ги присилуваат оние што не сакаат да работат. Ние нема да можеме да ги присилиме и убедиме”, рече Лукашенко на состанокот во Гродно. Тој додаде дека земјата ќе го преживее тоа, пренесува ТАСС.

„Но, ако компанија не работи, ние ќе ставиме катанец на вратата во понеделник. Луѓето ќе се смират и ќе решиме кога ќе ги повикаме на работа”, рече Лукашенко.

По неодамнешните избори на кои победи Лукашенко, кои опозицијата не ги признава, во Белорусија се одржуваат дневни протести, а работниците од многу фабрики излегоа на штрајк.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп