Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Нови избори не доаѓаат предвид

Лукашенко: Нови избори не доаѓаат предвид

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не доаѓа предвид да се повторат претседателските избори на кои победил.

Ситуацијата во Белорусија не се смирува откако Лукашенко објави дека е победник на неодамнешните претседателски избори. Синоќа во Минск се одржаа најмасовните протести на противниците на Лукашенко, но и контрамитинг.

Додека Русија застана зад Лукашенко, останатите европски земји јасно ставија до знаење дека овие избори треба да се повторат, што го бара и белоруската опозиција.

„Нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, затоа што во тој случај нема да има фабрики, нема плантажи. „Сè ќе биде уништено за половина година“, рече Лукашенко, пренесува ТАСС.

Лукашенко рече дека ќе се согласи да ја дели власта и да го измени уставот, но не е подготвен да го стори тоа под притисок на демонстрантите, јави новинската агенција „Белта“.

Тој денес ја посети Фабриката за тракторски тркала и во таа пригода рече дека има информации дека сите фабрики во земјата работат нормално.

Неколку стотици демонстранти се собраа пред портите на фабриката за време на неговата посета, држејќи транспаренти со кои бараа негова оставка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме