Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да ја предаде власта, затоа што народот не го избрал заради тоа.
„Сакам да ви кажам како човек, за да немаме некакви недоречености. Често ме критикуваат дека ’тој нема да се откаже од власта’. Со право негодуваат. Луѓето не ме избраа заради тоа“, истакна белорускиот лидер за време на претставувањето на новиот државен обвинител на земјата, Андреј Швед, пренесува државната агенција „Белта“.
Лукашенко додаде дека власта не се дава за да биде земена, фрлена и дадена.