Утрински Весник
Свет

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“.

Церемонијата за положување заклетва, која беше најавувана како голем настан во претходните ситуации, се одржала по контроверзните резултати од изборите на 9. август.

Агенцијата наведува дека Лукашенко ја положил десната рака на копијата на Уставот и дека положил заклетва, а на церемонијата присуствувале неколку стотици луѓе.

Белорусија може да се соочи со санкции од Европската унија и Соединетите држави во врска со спорните избори и остриот одговор на властите за време на опозициските протести.

Истражителот на ОН за човекови права, Анаис Марин, минатата недела рече дека повеќе од 10.000 лица биле уапсени поради протестите и дека има над 500 пријави за тортура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме