Утрински Весник
Свет

Лукашенко испраќа војска на западната граница на Белорусија

Лукашенко испраќа војска на западната граница на Белорусија
Dik 300x250 mk

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека падобранската бригада ќе биде распоредена на западната граница на земјата како одговор на воените вежби на НАТО во Полска и Литванија. Лукашенко го изјави ова откако претходно денеска се договори за соработка со рускиот претседател Владимир Путин.

Додека Европската унија му се заканува на Минск со санкции поради судирите со антивладините демонстранти, Лукашенко рече дека е загрижен за воените вежби на НАТО во двете соседни земји.

Белоруската новинска агенција „Белта“ претходно објави дека двајцата претседатели денеска разговарале за ситуацијата во Белорусија и во странство. Беше соопштено дека Лукашенко побарал да разговара со Путин за заканата на која е изложена неговата земја, но и целиот регион.

Телефонскиот разговор најмногу бил насочен кон опасноста што протестите во Минск ја претставуваат за сојузот на Русија и Белорусија.

По разговорот, Лукашенко информира дека со Путин се согласиле за давање помош во случај тоа да биде потребно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки