Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лукашенко издаде упатства за воведување санкции врз западните земји

Лукашенко издаде упатства за воведување санкции врз западните земји
Img 7972

Белорусија ќе возврати на западните санкции за белоруските компании, рече претседателот Александар Лукашенко на денешниот состанок со вицепремиерот Јуриј Назаров и со министерот за индустрија, Пјотр Паркомчик, пренесува ТАСС.

„Некои од нашите компании беа погодени од незаконски санкции од Западот. Треба да возвратиме на сите“, истакна Лукашенко, барајќи од Назаров да се осврне на ова прашање заедно со премиерот Роман Головченко и другите членови на кабинетот.

Протестите против исходот од претседателските избори на 9 август лани траат во Белорусија со месеци. Според Централната изборна комисија на земјата, Лукашенко победи на изборите, но голем број европски земји и САД одбија да ги признаат резултатите од гласањето.

Потоа, Западот воведе ограничувања на Белорусија. Санкциите на САД влијаат на 40 белоруски физички лица и четири ентитети. Минск смета дека санкциите претставуваат мешање во внатрешните работи на земјата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија