На 15-ти излезете и гласајте, не дозволувајте друг да го прави изборот за вашата иднина, вие одлучувате, заокружете три за да одиме напред. Покажавме одговорност, ја вративме слободата. Градиме држава на цврсти темели, не на стиропор, градиме европска држава, не изолација, градиме општество еднакво за сите, не национализми и поделби. Гласајте за да им ставиме крај на лагите и на црните сценарија на режимот, гласајте за сигурност“, рече носителката на листа во ИЕ2 Сања Лукаревска во општина Гази Баба.
„ Продолжуваме со македонска развојна економија. Поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови. Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните 4 години, базирани на иновации и одржливост. Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Обезбедуваме конкретни развојни мерки, грижа за секого. Парите ги враќаме кај граѓаните, ги зголемивме и платите и пензиите. Обезбедуваме раст на просечната и на минималната плата и во наредниот мандат. Со конкретни мерки ги помагаме компаниите и ги штитиме работните места на граѓаните. Инвестираме во младите да се развиваат и да се реализираат овде, дома“, рече Лукаревска.
Го афирмиравме и го реализираме концептот за родова рамноправност 50/50. На кандидатските листи на СДСМ и на коалицијата МОЖЕМЕ подеднакво се застапени и жените и мажите, обезбедуваме родов баланс и во извршната власт, на 40% од функциите ќе бидат жени. Градиме едно општество за сите. За нас разликите се заедништво. На 15-ти во среда, излезете и гласајте да продолжиме по европскиот пат, да обезбедиме уште подобар стандард, правда за сите. Влада на ВМРО ДПМНЕ е Влада на опасност, гласајте за Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „МОЖЕМЕ“, гласајте за добри политики, гласајте за сигурност.