Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник
Img 7972

По верифицирањето на мандатот за пратеник Сања Лукаревска, ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино место за в.д директор е поставен Фарук Омери, кој пред назначувањето бил помошник директор во упрвата, информираат од УЈП за „Макфакс“.

Лукаревска вели дека засега останува на функцијата пратеник, а дали ќе биде именувана на друга функција, доколку СДСМ состави нова Влада ќе одлучува премиерот.

„Како ќе одлучи Премиерот Зоран Заев со формирањето на новата Влада така ќе биде. Заради законоското ограничување , во моментов не можам да повеќе да бидам избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието“ изјави кусо Лукаревска.

На оваа функција Лукаревска беше 3 години и за време на нејзиното директорување се спроведува еден од најголемите проекти што ги најави СДСМ на претходните избори, „Мој данок -мој ДДВ„ преку кој граѓаните со скренирање на фискани сметки го остваруваат правото на повратот на парите од данокот.

Таа беше носител на листата во втората изборна единица од коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ, која освои најмногу пратенички мандати на изборите на 15 јули, а на 4 август и беше верифициран мандатот за пратеник во новиот собраниски состав.

Освен Лукаревска и други функционери од редовите на СДСМ ги напуштија функциите. Така на директорското место на Мартин Костовски од Службен весник е назначена Татјана Лалчевска. Откако станаа пратеници функциите ги напуштија , Дарко Каевски кој беше директор на Агенција за млади и спорт , Фаница Николовска од Државниот управен инспекторат и Боби Мојсоски од казнено – поравната установа „Идризово“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Детали за грабежот во Гостивар: Крадците заминале со „плен“ вреден 1.8 милиони евра

Пендаровски: Никогаш не постоел план за враќање на Груевски, човекот кој „го извади муабетот“ е од ВЛЕН

Менаџерка во казино во Гостивар си земала пари од каса, полицијата ја уапси