Утрински Весник
Спорт

Лукаку: Му кажав на новиот тренер дека ќе останам во Интер

Лукаку: Му кажав на новиот тренер дека ќе останам во Интер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерот на годината во Серија А, Ромелу Лукаку, ќе остане во Интер и наредната сезона.

Интер, поради финансиската криза ќе мора да продаде двајца или тројца од своите најдобри фудбалери. Поради кризата и неможноста Интер да го задржи тимот што ја освои титулата, тренерот Антонио Конте си поднесе оставка.

Лукаку е еден од оние фудбалери за кои медиумите пишуваа дека ќе биде продаден. Белгиецот го тврди спротивното, нема намера да го напушти клубот.

„Ќе останам. Веќе имав разговор со човекот кој ќе биде нашиот нов тренер. Имавме позитивна конверзација“, рекол Лукаку.

Нов тренер на Интер ќе биде Симоне Инзаги, долгогодишниот тренер на Лацио.

> Лукаку: Му кажав на новиот тренер дека ќе останам во Интер <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028