Утрински Весник
Спорт

Лукаку е блиску да влезе во историјата на Интер

Лукаку е блиску да влезе во историјата на Интер

Белгискиот напаѓач во редовите на Интер, Ромелу Лукаку би можел да стане „бесмртен“ на „Џузепе Меаца“.

Тој е на чекор до историја кај „нероазурите“. Белгиецот постигна 23 гола во Серија А и сега е на чекор да го достигне легендарниот Бразилец Роналдо Назарио кој во најдобрата сезона (1997/1998) броеше до 25.

Сепак, најдобар од сите е Унгарецот Иштван Нерс кој постигна 26 гола во сезоната 1949/1950/

Белгиецот нема да има лесна задача затоа што Интер во последните две кола најпрво го дочекува Наполи, а во последното коло гостува кај хитот на првенството Аталанта.

Инаку, ако се соберат головите и асистенциите, тогаш ова е најдобрата сезона во кариерата на Лукаку.

> Лукаку е блиску да влезе во историјата на Интер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига