Утрински Весник
Спорт

Луис се согласи на сериозно намалување на платата во Арсенал

Официјално: Луис е „топџија“

Лондон, 28 јуни 2020 (МИА) – Бразилскиот дефанзивец на Арсенал, Давид Луис, се согласил на значително помала плата со цел да потпише нов договор со „топџиите“, јавува „Телеграф“ на своите страници.

Поранешниот играч на Челси и ПСЖ го продолжи договорот, иако беше остро критикуван за неговиот настап во дербито со Манчестер Сити. Сепак, финансиската криза што ги зафати екипите поради пандемијата Ковид-19 ги ​​принуди да донесат некои необични одлуки и сериозно да ги ограничат износите што ќе бидат потрошени во следниот трансфер прозорец.

„Телеграф“ објави и дека намалувањето на платата на Луис довело до можноста „топџиите“ да понудат нови договори на Седрик Соарес и Пабло Мари.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина