Утрински Весник
Свет

Луис Арсе, поддржувачот на Моралес, победи на претседателските избори во Боливија

Луис Арсе, поддржувачот на Моралес, победи на претседателските избори во Боливија

Луис Арсе, поранешен министер за економија на Боливија и приврзаник на поранешниот претседател Ево Моралес, води на претседателските избори и се чини дека собра доволно гласови за победа во првиот круг, покажуваат податоците на излезните анкети објавени денеска од телевизискиот канал „Унител“.

Според овие податоци, за Арсе гласале околу 52,4 отсто од гласачите додека за Карлос Меса гласале 31,5 отсто.

Поранешниот претседател Моралес веќе го прогласи Арсе за победник.

„Сите познати податоци во моментов укажуваат на победа на Движењето за социјализам“, рече тој на прес-конференцијата во Буенос Аирес.

Претходно, Врховниот изборен суд соопшти дека официјалните резултати ќе бидат достапни најрано денеска во текот на денот и ги повика луѓето да бидат трпеливи сè додека не заврши пребројувањето на гласовите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Специјалниот пратеник на САД Виткоф оди во Москва да ги запознае Русите со деталите од мировниот план за Украина

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години