Утрински Весник
Спорт

Лудо на олимпискиот стадион – Баршим и Тамбери го поделија златото во скок во височина

Лудо на олимпискиот стадион – Баршим и Тамбери го поделија златото во скок во височина

Катарскиот фаворит Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери го поделија олимпиското злато во скок во височина, откако по консултација со организаторите одбија можност за „натскокување“ откако имаа идентични серии со најдобра височина од 2.37 метри.

Баршим, кој е двократен светски шампион, го освојува своето прво злато на Олимпијадите, откако претходно беше сребрен во Рио де Жанеиро во 2016 година и бронзен на Олимпијадата во Лондон во 2012 година.

29-годишниот Тамбери, пак, го обели образот на својот татко и тренер, Марко Тамбери, кој во 1983 година го постави италијанскиот рекорд од 2.28 метри. И покрај европската титула во 2016 година, за Тамбери ова беше прва Олимпијада откако претходно поради повреди не скокаше во Рио и Лондон.

Бронзата отиде кај Белорусинот Максим Недасекау, кој иако исто така прескокна 2.37 метри, имаше полоша серија од Тамбери и Баршим.

> Лудо на олимпискиот стадион – Баршим и Тамбери го поделија златото во скок во височина <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ