Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Лудиот“ рекордер Абреу потпиша со 30-тиот клуб во кариерата!

„Лудиот“ рекордер Абреу потпиша со 30-тиот клуб во кариерата!
300x250 opst2

Себастијан Абреу продолжи со својот „обид“ да постави недостижен фудбалски рекорд, откако потпиша со својот 30-ти клуб во кариерата, иако има 44 години.

Поранешниот уругвајски репрезентативец се договори со бразилскиот клуб Атлетик Клуб и ќе игра за нив во регионалниот Кампеонато Минеиро. Како талент на клубот, Дефенсор, тој дебитираше за клубот во 1995 година по што играше во клубови во Шпанија, Аргентина, Мексико, Грција, Еквадор, Израел, Бразил, Парагвај и Чиле.

Тој уште во 2017 година влезе во Гинисовата книга на рекорди за фудбалер со најмногу професионални клубови кога потпиша за чилеанскиот клуб Аудакс Италијано, поминувајќи го германскиот голман Луц Фанештил. Оттогаш тој играше за уште три клуба, и сега потпиша за четвртиот.

Со прекар „Ел локо“ (Лудиот), Абреу имаше 70 настапи за уругвајската репрезентација со која го освои трофејот од Копа Америка во 2011. Тој има постигнато 349 гола во 717 меча во 27-годишната кариера.

> „Лудиот“ рекордер Абреу потпиша со 30-тиот клуб во кариерата! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона