Утрински Весник
Спорт

Лоши вести за Ѓоковиќ од Њујорк

Организаторите на Ју-ес опен, последниот Грен слем турнир во сезоната, објавија дека ќе ги почитуваат мерките на американската влада. Ова значи дека Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на турнирот.

dobivaj vesti na viber

Ѓоковиќ не е вакциниран, што значи дека не го исполнува критериумот за влез во САД. Странците кои сакаат да влезат во земјата мора да бидат вакцинирани.

„Ју-ес опен не воведе задолжителна вакцинација за своите учесници, но ќе ја почитува одлуката на Владата на САД за влез во земјата на невакцинирани неамерикански граѓани“, потврдија од турнирот

Тоа ќе биде голем удар за Новак, кој имаше можност да стигне до Рафаел Надал по бројот на освоени Грен слем титули на УС Опен. Ѓоковиќ сигурно би бил еден од фаворитите за освојување на титулата бидејќи во минатото три пати беше шампион во 2011, 2015 и 2018 година. Минатата година загуби во финалето од Русинот Даниел Медведев со 4:6, 4:6, 4:6.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина