Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Лотито: Фудбалот им помага на другите спортови

Лотито: Фудбалот им помага на другите спортови
Img 7972

Рим, 25 април 2020 (МИА) – Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е убеден дека фудбалот има огромно влијание врз животот во Италија и дека сезоната во Серија А мора да се обнови, и покрај пандемијата на коронавирус.

Италија е една од најпогодените држави со новиот вирус, со двмесечен карантин што во моментот се спроведува во земјата, забранува какви било јавни и масовни настани.

– Ние сме голема индустрија која на државата и носи над 1,2 милијарди евра. Фудбалот им помага на другите спортови. Италијанскиот олимписки комитет финансира 460 милиони евра секоја година, додека имаме приход од милијарди, изјави Лотито за италијанските медиуми.

Екипите тренираат изолирани во специјални кампови. До крајот на првенството во првата лига остануваат 12 кола. Состојбата во Италија се очекува постепено да се врати во нормала по 3 мај. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026