Утрински Весник
Спорт

Лори Санчез: Ливерпул може да биде прогласен за шампион, но тие засекогаш ќе останат шампиони со ѕвездичка

Лори Санчез: Ливерпул може да биде прогласен за шампион, но тие засекогаш ќе останат шампиони со ѕвездичка

Лондон, 13 мај 20202 (МИА) – Поранешниот селектор на Северна Ирска, Лори Санчез, го сподели своето мислење за тоа дали Ливерпул би можел да биде прогласен за победник во Премиер лигата, доколку не заврши сезоната.

– Мислам дека Ливерпул може да се прогласи за шампион, но тогаш секогаш ќе мора да ги сметате за шампиони со ѕвездичка. Иронијата е дека Јирген Клоп пред сè беше поборник за зимска пауза, а по оваа пауза Ливерпул изгуби импулс, дојде до рецесија. Да немаше пауза, тие веќе ќе го имаа освоено првенството.

Ако сезоната не се искористи, мислам дека никој нема да биде против признавањето на Ливерпул како шампион, затоа што тие водат со огромна разлика, но оваа стигма ќе остане засекогаш, затоа што тие не поминаа целта, изјави Санчез. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен