Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Лорис: Не е време да бараме изговори

Лорис: Не е време да бараме изговори
Img 7972

Лондон, 20 февруари 2020 (МИА) – Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, по дуелот со Лајпциг во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите (0:1), изјави дека не треба да се бараат оправдувања за поразот. Французинот беше прогласен за најдобар играч на средбата.

– Во последните 20 минути имавме многу посед на топка, нешто што не можевме да го постигнеме во првото полувреме. Лајпциг е многу добар тим, многу енергичен. Имаше некои ситуации во кои можевме да дејствуваме подобро. Ова не е време да се бараат изговори. Ние мора да се бориме до крај. Нема време да размислуваме премногу. Не сме задоволни од резултатот, но сега нема ништо што можеме да направиме. Ајде да создадеме друга приказна, како што направивме минатата сезона, изјави Лорис.

Тотенхем на овој меч играше драстично ослабен во нападот без повредените Кејн, Сон и Сисоко. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг