Утрински Весник
Политички Партии

Лорд Робертсон до Ахмети: Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на членството во НАТО

Лорд Робертсон до Ахмети: Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на членството во НАТО

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Лорд Џорџ Робертсон, од името на Охридската група упати писмо со честитки до лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод членството на С. Македонија во НАТО и одлуката за почнување преговори со ЕУ.

-Ви пишувам на овој историски ден кога знамето на Северна Македонија гордо се вее пред седиштетео на НАТО во Брисел, да ви честитам Вам и на вашата партија за вашите напори за постигнување на овој ден за паметење. Сите во Северна Македонија кои имаа улога во доготрајниот процес кој доведе до овој ден треба да се пофалат за нивната издржливост и трпеливост во постигнувањето на огромниот чекор напред за вашата земја и Западот Балкан. Ние од Охридската група, пријатели на Северна Македонија сме горди што имавме мала улога во водството до денес. Затоа славиме со вас што вашата земја се приклучи на Алијансата, пишува Лорд Робертсон.

Секако, додава, ова не е единствената причина за честитките. – Одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за идното членство на земјата во ЕУ е исто така огромен чекор во вистинската насока за вашата земја. Северна Македонија, извонредна мултиетничка држава во срцето на местото што беше едно од светските проблеми во светот, сега заслужува – со свои напори, да биде дел од европскиот мејнстрим. Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на она што се случува денес и од име на Охридската група ви благодарам за тоа. Денеска ФИРОМ конечно умре. Северна Македонија сојузничка на НАТО живее, стои во писмото потпишано од Лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО.

„Групата Охрид“ е неформална група формирана од македонската Влада за поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ. Ја сочинуваат истакнати државници со исклучителни политички кариери и дипломатско искуство. Во неа членуваат покрај Робертсон и Хавиер Солана, порнашениот бугарски претседател Плевнелиев, поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт и амбасадорите Ален Ле Роа и Волфганг Ишингер. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт