Утрински Весник
Свет

Лончар: Повеќе од милион вакцини пристигнуваат во Србија, ќе им помогнеме и на соседите

Лончар: Повеќе од милион вакцини пристигнуваат во Србија, ќе им помогнеме и на соседите

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, вели дека во вториот квартал, наместо најавените половина милион, во Србија ќе пристигнат еден милион и двесте илјади вакцини на „Фајзер“.

Лончар најави дека Србија ќе им помогне на своите соседи кога станува збор за вакцините.

„Србија нема да гледа само на себе, туку и на сите околу нас, на пријателите, соседите“, рече Лончар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 60 загинати во протестите во Иран

Британија и Украина потпишаа „Стогодишно партнерство“ во одбраната

ЕК предлага 7,5 милиони евра помош за отпуштените работници на „Ауди“ во Брисел